СЕ ОЧЕКУВА НОВО НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА
Денеска напладне Регулаторна комисија за енергетика треба да ги соопшти новите цени на горивата на Македонија. Се очекува повторно намалување на цените на горивата, бидејќи цената на суровата нафта е во слободен пад. Поевтинување имаше пред 2 недели и тоа од 3 до 4,5 денари по литар во зависност од горивата. Во очекување е секој од дериватите да поевтини за околу 5 денари по литар, доколку Регулаторната комисија за енергетика се држи до пресметките.