|

Се појави аудиоснимка од затворениот дел на конгресот на СДСМ во која се слушаат критики од Шекеринска

„Реформи во СДСМ“ е насловот на нова страница, која од синоќа се појави на социјалната мрежа Фејсбук, непосредно по завршувањето на партискиот конгрес на кој беа избрани новите раководни органи на партијата. Единствената објава досега на оваа фејсбук-страница е аудиоснимка за која се тврди дека е од затворениот дел на конгресот, а во која се слуша гласот на Радмила Шекеринска, довчерашната заменик-претседателка на СДСМ.

„Шекеринска контра Заев! Далеку од камерите и микрофоните, Шекеринска отворено зборува за проблемите во СДСМ и Заев. Слушнете што се случуваше во затворениот дел од конгресот“,пишува во објавата, во која со „хаштаг“ се бараат реформи во СДСМ и оставка на Заев.



Слични Објави