| |

СЕ ПОЈАВИЛ НОВ ГАЗДА НА 1ТВ

Се прават обиди да се рестартира „1ТВ“, со продажба на телевизијата, откако неофрмалниот сопственик Бојан Јовановски познат како Боки 13 беше уапсен како осомничен во случајот „Рекет“.

Ексвработени во телевизијата за „А1он“ велат дека пред неколку дена биле на состанок, каде разговарале со човек кој се претставил како нов газда на телевизијата. Истовремено, Бане Поповиќ сопственик на „Томато продукција“ која ги изнајмуваше просториите на „1ТВ“ за „А1он“ вели дека телевизијата е иселена од неговата зграда.

Неофицијално, рестартирање и ребрендирање на телевизијата ќе прави македонец кој живее во Хрватска, преземајќи ја лиценцата за емитување на програма од „1ТВ“.



Слични Објави