ВЕЛИЈА РАМКОВСКИ ЗА „СТАДИОН“ НА КАНАЛ 77: СЕ КРЧКА ОБНОВА НА „А1“, НО ВЕРОЈАТНО ВО ПОИНАКВА ФОРМА

//

Рамковски зборуваше и за поминатите години во затвор, за тоа дека бил подготвен да попушти ако Груевски му „шепнел“ дека ќе му ги затворат синот и ќерката, а за Заев рече дека го смета за историска личност, јавува ММС

Велија Рамковски, сопственик на поранешната и некогаш најгледана телевизија „А1“, кој беше гостин во денешната емисија „Стадион“ на „Канал 77“, најави дека се работело на обнова на некогашниот медиум, но веројатно во друга, поинаква форма.



– И по девет години, гледачите не заборавија на „А1“, која и денес е неопходна. Но, тоа враќање би било во друга форма, затоа што сега има нови услови со интернетот, социјалните мрежи, кабелските мрежи. Со техничко-технолошките промени сега може и полесно да се стигне до новите гледачи. Луѓе секако ќе има – и од старата екипа и нови, млади. Мислам дека и пари за еден таков проект ќе се најдат. Јас лично ги немам, но има заинтересирани – истакна Рамковски.



Претходна статија

ГАЛЕРИЈА: ДРАЧЕВО ИГРАШЕ МАЛ ФУДБАЛ ВО СЕЌАВАЊЕ ЗА САШЕ ОЦЕВСКИ-МЕШКО И ДОНИРАШЕ НАДЕЖ ЗА ЈАНА

Следна статија

СЕ ПОЈАВИЛ НОВ ГАЗДА НА 1ТВ

Најново од Вести