ПЕТАР КОЛЕВ: КАКВО Е ОВА ПОЛИТИЧКО ЛИЦЕМЕРИЕ?

//

„За промена на името на Македонија немаше потреба од консензус, власта си ја истурка работата сама, но за промена на изборниот модел, особено воведувањето на отворени листи и намалувањето на бројот на пратениците, министрите и советниците е тука треба консензус. Какво е ова политичко лицемерие?!

Последниот збор го имаат ГРАЃАНИТЕ!

Во следниот парламентарен состав, пратениците од ГРАЃАНСКО ДЕМОКРАТСКАТА УНИЈА -ГДУ, првите законски измени и амандмани кои ќе ги предложат ќе бидат во насока на намалување на бројот на пратеници, влада не поголема од 15 министри и ниту еден без ресор и намалување на бројот на советниците во општинските совети по модели на Словенија.



Нека започнеме реформа во администрација, но од врвот на пирамидата а не од чистачките во институциите“, напиша на својата официјална facebook страна, претседателот на ГДУ, Петар Колев.

Претходна статија

НОВ НАПАД ВРЗ ЛЕКАРИ, ОВОЈ ПАТ ВО „8 СЕПТЕМВРИ“

Следна статија

ГАЛЕРИЈА: ДРАЧЕВО ИГРАШЕ МАЛ ФУДБАЛ ВО СЕЌАВАЊЕ ЗА САШЕ ОЦЕВСКИ-МЕШКО И ДОНИРАШЕ НАДЕЖ ЗА ЈАНА

Најново од Вести