„Конечно се потврди тоа што цело лето го зборувавме и апелиравме, а имено да се превземат мерки и да се запре со наплатата на охридските плажи на црно, но и добивме потврда дека локалната власт на чело со Градоначалникот била со „заврзани раце“ или покултурно кажано со „заврзани очи“.
Градоначалникот по 3 месеци криење успеа да собере храброст и да ја каже вистината за дивата наплата по охридските плажи, а за сето тоа изговор им беа заврзаните раце.
Ајде во ред заврзани им биле рацете,но сигурно џебовите им биле одврзани. Како може да функционираат тие исти плажи кога немаат дозвола за работа и не платиле ниту денар на општината? Или пак платиле ? Како може на истите тие плажи градоначалникот и неговите поданици да се луксузираат, ако биле нелегални. Самиот Георгиевски потврди дека се нелегални, но сепак ги посетува да им даде легитимитет. Е па нареден пат наместо да одите вие и вашите директори пуштете ги инспекторите да си ја работат работата, а не да пијат кафе таму.
Врзани раце, но одврзани џебови!
ГДУ најдобронамерно ви препорачува, ако не се чувствувате способни и немате смелост да се справите со проблемите на охриѓани повлечете се со време, бидејќи како што поминува времето се подлабоко и подлабоко тонете во сопствените лаги“- стои во соопштението до јавноста, на локалниот клуб на ГДУ во Охрид.
Најново од Вести
Агенцијата за патна инфраструктура на Бугарија објави јавен повик за изработка на идејно-технички проект за изградба
Педесетина луѓе вечерва излегоа на протест за прекин на преговорите со Бугарија пред бугарската амбасада во
Влезот на Бугарија во Организацијата за економска соработка и развој е најсериозниот интегративен напор на нашата
Според информацијата објавена на порталот Фокус.мк, полициски службеници од полициска станица Неготино денеска дошле на домашна адреса на
Стрелашките клубови „Пирин“ /Бл/ и „Санел“ од Сандански беа меѓу наградените на меѓународниот турнир во спортско