Се разчистува теренот околу македонско-бугарската граница со цел да се спречи ширењето на пожарите и на бугарска територија
„Најблискиот пожар во РС Македонија е на околу 5 км од нашата граница. Кон моментот ситуацијата е под контрола“, изјави за радио Благоевград областниот управител на Благоевград Николај Шушков, јавува Фактор.бг.
Во моментот заедно со областниот управител на обиколка во пограничниот реон се наоѓа и директорот на бугарската Главна дирекција за противпожарна одбрана главен комисар Николај Николов.
„Во моментот тешка верижна машина на Државното шумско стопанство Благоевград го разчистува теренот за да се спречи можното проширување на пожарот и на бугарска територија“, соопшти областниот управител Шушков.

