СЕ СТАВААТ ЛИ СЛУЖБИТЕ ПОД ПАРТИСКА КОНТРОЛА?

Горан Николовски, директор на Управата за безбедност и контраразузнавање и неговиот заменик директор Ариф Асани се на листата за разрешување предложена денеска од Владата. Нивното разрешување доаѓа непосредно по основањето на Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

Во новата Агенција за национална безбедност ќе има помалку вработени отколку што имаше Управата за безбедност и контраразузнавање. Вработените кои нема да ги поминат кадровскиот филтер ќе бидат распределени во МВР или во други институции.

Агенцијата за Национална Безбедност е формирана како резултат на реформскиот процес во безбедносните служби, како замена за УБК.

Прв директор на АНБ ќе биде Виктор Димовски, досегашен државен секретар во Министерството за надворешни работи. Димовски засега е единствениот вработен во АНБ.

Од 2007-та до 2009-тата година Димовски беше директор и на Агенцијата за разузнавање, со одлука на тогашниот претседател, Бранко Црвенковски.