|

Се стравува од поплави како во август: олуја од Велика Британија пристигнува во регионот, Словенија прва на удар

Западна Словенија е под црвен аларм. Таму се очекуваат обилни врнежи, поради што водостојот на реките повторно ќе се подигне. Вечерва се очекува пораст на нивото на реките, најпрво во северозападниот, а подоцна и во другите делови на Словенија.

Словенечката агенција за животна средина како и Цивилната заштита бараат од граѓаните од западните делови на Словенија да најдат сместување кај роднините и пријателите, доколку се сомневаат во нивната лична безбедност. Им се нуди сместување во училиштата, пишува N1.

Се очекува Словенија и Хрватска да бидат зафатени од многу силен циклон над Велика Британија.

Во Хрватска и во наредните денови се очекуваат потенцијално опасни временски услови. Цела серија предупредувања веќе се на сила преку Метеоаларм системот на Државниот хидрометеоролошки завод.



Слични Објави