|

Тренчевска: Детската заштита останува приоритет во нашата работа, секое дете заслужува да биде дел од воспитно-образовниот процес

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, се сретна со Биљал Касами, градоначалникот на Тетово. На средбата се разговараше за детската заштита и важноста од проширување на капацитетите на постојните градинки, како и изградба на нови со цел згрижување што повеќе деца во градинките и овозможување правилен раст и развој.

„Градоначалникот, претставниците на Општина Тетово и министерката ги разгледаа потребните чекори за завршување на изградениот објект – клон на градинката ‘Младост’ во Тетово, финансиран од Европската Унија.

Тренчевска истакна на средбата дека изградбата на нови градинки е од особена важност за да се опфатат и вклучат што поголем број на деца во предучилишното образование“, се наведува во соопштението на МТСП.



Слични Објави