РС Македонија ќе подготви нов закон за отворање на архивите во согласност со протоколот потпишан со Бугарија

//

Владата на РС Македонија ќе подготви нов закон, со кој ќе се овозможи отворање на сите досиеја од 1945 до 1991 година досега, со што тие ќе бидат јавни и достапни за сите, дознава БИРН, пренесува Призма.

Станува збор за решение со кое ќе се испочитува обврската од протоколот што го потпишаа министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска.

Во него се прецизира дека „сеопфaтната правна рамка за целосно отворање на архивите на репресивниот апарат на поранешните служби за државната безбедност од комунистичкиот период, вклучително полицијата, цивилното и военото разузнавање и контраразузнавање“ би требало да биде готова за една година.

Во актуелниот закон, архивскиот материјал е јавно достапен по истекот на 20 години од неговото создавање. Но, тоа не важи за архивите што се однесуваат на „разузнавачката и безбедносната дејност“ за што се предвидува да бидат достапни сто години по нивното создавање.



Сегашниот закон предвидува досиејата што се декласифицирани во рамки на процесот на лустрација да можат да ги видат само лично следените или нивните роднини.

Целиот напис прочитајте го овде.



Претходна статија

Русија со осуда за донираните тенкови за Украина од страна на РС Македонија

Следна статија

ЕУ: Тензиите околу Тајван треба да се решаваат со дијалог

Најново од Вести