|

Русија со осуда за донираните тенкови за Украина од страна на РС Македонија

Русија смета дека донацијата на РС Mакедонија на тенковите „Т-72“ на Украина „голема грешка што само ќе помогне во криминалните дејствија на режимот во Киев“. Ова го изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, пренесува руската новинска агенција ТАСС.

На 29 јули, македонското Министерство за одбрана ја потврди информацијата дека земјата ѝ подарила тенкови од трета генерација на Украина.

Тие исти тенкови ги купи Македонија од Украина во времето на конфликтот во 2001 година. Нема податоци колку тенкови ѝ се предадени на украинската страна.

Слични Објави