|

Се заплеткаа сидрата на три траекти во Атина, над 734 патници останаа заглавени

Сидрата на три траекти во близина на атинското пристаниште Рафина се заплеткаа, пришто 734 патници повеќе од пет часа чекаат на пристаништето во Рафина.

Третиот траект успеа да отплови.

Голема е загриженоста кај патниците, вклучително и постарите и децата, бидејќи во областа дува силен ветер и предизвикува силни бранови.

Пристанишните власти уверуваат дека нема опасност и дека е побарана помош за безбедно врзување на бродот за пристаништето, бидејќи еден од пропелерите е оштетен, а синџирот за сидро е обвиткан околу него, јавуваат грчките медиуми.

 

Слични Објави