| |

Се зголемува бројот на жртвите по експлозијата во магацинот за огномет кај Елин Пелин

На местото на експлодираниот магацин за огномет кај Елин Пелин, се пронајдени уште две тела, за кои се верува дека се на двајцата мажи за кои се знае дека биле во магацините кога се случил инцидентот. Нивното идентификување е во тек, јави БНТ, пренесува Актуално.

Така жртвите од експлозијата кај Елин Пелин се веќе четири лица.

Малку по 10:30 часот, под раководство на Окружното обвинителство – Софија, истражителите од Националната истражна служба и Окружната истражна служба, екипи на противпожарната служба и специјализираните единици на Министерството за внатрешни работи, започнале увид во магацините за огномет во близина на Елин Пелин, каде во четвртокот вечерта се случија неконтролирани експлозии на пиротехнички средства и настана пожар.

Увидот на местото на настанот ќе продолжи во текот на денот, а повеќе детали се очекуваат во текот на денешниот ден да соопштат обвинителството, истрагата и МВР.

Слични Објави