Седорф на клупата на славниот шпански клуб

/

Поранешниот холандски репрезентативец, Кларенс Седорф може да седне на клупата на шпанскиот клуб Депортиво Ла Коруња, пренесуваат шпанските медиуми.

Раководството на Депортиво му врачи отказ на тренерот Кристобал Парало после тешкиот пораз од Реал Сосиедад, кој што го остави тимот во зоната за испаѓање.

Шпанскиот клуб веќе ги направил првите контакти со Седорф, кој во тренерската кариера го водеше Милан и второлигашки кинески клуб.



Медиумите во Шпанија тврдат дека Холанѓанецот е многу блиску да ја прифати понудата и да седне на кормилото на Депортиво.

Извор: Sportski.mk

Претходна статија

Османи: Очекуваме датум за почеток на преговори

Следна статија

УЕФА се смилува: Црвена Звезда со полни трибини против ЦСКА

Најново од По дома