|

СЕДУМ ЗЕМЈИ ЌЕ ВЛЕЗАТ ВО СПИСОКОТ ЗА ЗАБРАНЕТИ ПАТУВАЊА ВО САД

САД планираат да вклучат седум држави – Белорусија, Еритреја, Киргистан, Мјанмар, Нигерија, Судан и Танзанија – во својот спорен список за забранети патувања, јавуваат американските медиуми. Некои земји ќе се соочат со забрани за само одредени категории на визи, објави Вол Стриит журнал. Списокот на земји не е конечен и подлежи на промени според сајтот „Политико“.

Во интервју за Вол Стрит Журнал, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека размислува да додаде некои земји на списокот со забрана за патувања, но одби да ги прецизира. Официјалниот список се очекува да биде објавен следниот понеделник.



Слични Објави