| |

СЕЛА БАРА РАБОТАТА НА СЈО ДА ПРОДОЛЖИ

Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села изјави дека работата на СЈО да продолжи со работа како што е формирано и за целите за кои е формирано, па затоа предлага да се интервенира во Законот за СЈО за да престанат да важат роковите за покренување истраги до 2017 година и да функционира како тело внатре во правниот систем на државата.

Села вели дека неговата партија е подготвена да даде поддршка за ваков предлог-закон.

Според партијата, СЈО досега ја нема исполнето целта за која е формирано, а тоа го покажува фактот дека досега од покренатите постапки од СЈО од судовите има казни само за претставници на албанската опозиција.

Слични Објави