СЕЛА: НЕ МОЖЕМЕ ДА БИДЕМЕ ЗЕМЈА ВО КОЈА ЗА 30 ГОДИНИ НИТУ ЕДЕН ПОЛИТИЧАР НЕ Е ОСУДЕН ЗА КОРУПЦИЈА
„Експерти, судии и правобранители од ЕУ да дојдат и да ги отворат уште еднаш сите затворени предмети кои имаат врска со висок политички криминал и корупција зашто не може да бидеме земја во која за 30 години ниту еден политичар не е осуден за корупција“, изјави лидерот на АА, Зијадин Села, на денешниот состанок со претставници на Стопанската комора на северозападна Македонија.
Тој побара опозициската ВМРО-ДПМНЕ да не го блокира донесувањето на нов закон за јавно обвинителство, но истовремено, како што порача, мора да се прифатат искажаните забелешки.
„Никој не треба ноншалантно да се однесува и да ја блокира надежта што ја имаме, дека во март ќе добиеме датум за преговори со ЕУ“, истакна Села.
Лидерот на АА истакна дека треба да се врати Прибе 3 за да оцени до каде се исполнети неговите препораки.

