| |

СЕЛА: НЕ ВЕРУВАМ ДЕКА ЗАЕВ И МИЦКОСКИ ЌЕ СЕ ДОГОВОРАТ, НИВНАТА СРЕДБА НАЛИКУВА НА ТЕАТАР ПРЕД ЈАВНОСТА

Претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села на денешниот брифинг со новинарите по лидерската средба на премиерот Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, изјави дека не верува власта и опозицијата да постигнат некаков договор околу прашањето за новото јавно обвинителство. Тој додаде дека лидерската средба наликувала на некаков театар за пред јавноста.

„Со самиот факт што веќе истекува мандатот на СЈО, веќе нема да се покренат нови процедури. Не гледам како ќе се постигне договор за да се гласа законот за новото јавно обвинителство. На ваков начин се постигнува ефектот за трите политички партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ, што нивните функционери нема да одговараат. “, изјави Зијадин Села.

Села додаде исто така дека нема да има враќање на украдените пари кај граѓаните, како што се ветуваше, ниту бројчаникот на Заев ќе проработи.

Претседателот на АА, во своето воведно излагање подвлече дека неговата партија поднела 30 амандмани за новиот закон за јавно обвинителство, со цел правдата конечно да биде почувствувана од граѓаните. Села изјави уште дека во амандманите за новиот закон, неговата партија предложила Обвинителството да биде надлежно да покрене постапки против сите функционери кои извршиле криминал сега и во минатото.

Од Алијанса за Албанците се децидни дека нема да признаат сега и во иднина било каков договор постигнат од на лидерска средба, ако на неа, не се присутни освен лидерите на двете најголеми македонски партии и лидерите на двете најголеми албански партии.

Слични Објави