| |

Село Крупник го прослави Тодоровден со традиционалната кушија

Село Крупник го прослави Тодоровден со традиционалните кушии, влечење товар, водосвет и хранење на коњите, јавува БГНЕС.

40-годишниот Станимир Топалски со кобилата Лиса по 10-ти пат победи во кушијата организирана во селото . Двајца свештеници го извршија традиционалниот водосвет, по што коњите беа нахранети со жито, а јавачите беа благословени и почестени со пита.

Тодоровден продолжи со влечење на санка со два бетонски блока. Само половина од коњите учесници успеаја да ја извлечат санката до целта.

Стотици гледачи ја следеа прославата на ливадите кај Крупник, деца облечени во народни носии позираа со коњите.

Покрај Крупник, Тодоровден се славеше и во село Брежани.

Фото: БГНЕС



Слични Објави