Во Сандански почнува 34-то издание на фестивалот за авторска песна од македонската фолклорна област „Пирин фолк“
Триесет и четвртото издание на фестивалот за авторска песна од македонската фолклорна област„Пирин фолк“ стартува денеска и ќе трае до 30 август во Летниот театар на градот Сандански. Програмата опфаќа три тематски вечери со познати изведувачи и млади таленти, јавува БТА.
Фестивалот ќе започне со десеттото издание на „Детски Пирин фолк“, на кое во живо ќе настапат 20 учесници на возраст од 8 до 15 години. Специјален гост ќе биде Донко Марков, првиот добитник на Големата награда на детскиот фестивал, а ќе настапат и триото „Булгарина“ и танчарите од ансамблот „Чинари“.
Фестивалските вечери ќе се пренесуваат во живо на БНТ 1, БНТ 4, Фен Фолк ТВ, Фен ТВ и EKids, како и на БНР – Благоевград.
