СЕМЕЈСТВОТО ЗАЕВИ ДОНИРАШЕ 200 ПРЕХРАНБЕНИ ПАКЕТИ ВО БАНКА ЗА ХРАНА ВО КАВАДАРЦИ

/

Претставникот на Банката за храна, Роберто Паризов потсети дека подружницата на оваа хумана организација овде постои скоро две години, пренесува Канал 5.

-Наша цел е борба против гладта. Сета донација што ја доаѓа од правни и физички субјекти, ја добиваат лица во социјален ризик, кои претходно се обраќаат или до општинскиот кол центар, или во Банката. Има една девиза која е многу важна за оваа Банка, а тоа е дека не смееме да вратиме човек кој има потреба од храна. Прво не е хумано, а второ, една општина која е доста силна како општина Кавадарци, има капацитети, има правни и физички лица кои се хумани и солидарни, кои сочувствуваат во оваа кризна состојба и донираат, рече Паризов, кој е претседател на регионалното еколошко друштво „Еко-живот”.

Тој упати голема благодарност за поддршката од градоначалникот Митко Јанчев, до Заеви.



– Огромна поддршка имаме и од Советот на општина Кавадарци, со сите институции кои се солидарни и хумани и со бизнис секторот кој помага секогаш кога е потребно. Апелирам до сите граѓани, до сите правни и физички субјекти, доколку можат да донираат, за да помогнат на семејствата што се во социјален ризик, додаде Паризов.

Претседателот на Советот на општина Кавадарци, Ристо Сакалиев исто така се заблагодари за хуманиот гест до Заеви, истакнувајќи ја успешната работа на кавадаречката Банка за храна. Ги повика кавадарчани да ги почитуваат владините мерки против коронавирусот.



Претходна статија

ВО ФИНСКА ЌЕ СЕ ИСТРАЖУВААТ ОТПАДНИТЕ ВОДИ ЗА ТРАГИ ОД КОВИД-19

Следна статија

СОВЕТНИК ВО БЕЛАТА КУЌА: САД ЌЕ ПОБЕДАТ ВО ТРКАТА ЗА ВАКЦИНА ЗА КОРОНАВИРУСОТ

Најново од Вести