|

ВО ФИНСКА ЌЕ СЕ ИСТРАЖУВААТ ОТПАДНИТЕ ВОДИ ЗА ТРАГИ ОД КОВИД-19

Националниот институт за здравство и социјален развој во Финска ќе спроведе истражување на отпадните води во земјата за траги од новиот коронавирус, соопштија од организацијата, пренесува Фокус.

– Институтот започна да собира примероци од финските отпадни води за траги од коронавирусот. Собирањето е во соработка со Универзитетот во Тампере, пишува во соопштението.

Организацијата соопшти дека претходните студии во Холандија, САД и Австралија укажуваат на тоа дека РНК на коронавирусот е откриена во нечиста отпадна вода.

Вкупниот број на заразени со новиот коронавирус во Финска денеска достигна до 4.014, односно за 24 часа се заразени 146 лица, а починати се 98 лица.



Слични Објави