| |

Сенатот на Илиноис усвои резолуција со која го прогласува месецот март, за месец на бугарско-американското културно наследство

Сенатот на Илиноис вчера едногласно усвои резолуција за прогласување на март за месец на бугарско-американското културно наследство.

Резолуцијата ги потврдува стратешките односи меѓу Бугарија и САД, ја одбележува 20-годишнината од ратификувањето на протоколот за прием на Бугарија во НАТО од страна на Сенатот на САД, 80-годишнината од спасувањето на бугарските Евреи за време на Втората светска војна, 120 години од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Бугарија и САД и 145 години од ослободувањето на Бугарија.

Резолуцијата ја потврдува улогата на бугарскиот народ, кој во 1943 г се спротивставува на нацистичкиот притисок и ја спречува депортацијата на 50.000 бугарски Евреи во логорите на смртта.

За прв пат, законодавно тело на САД ја разгледува старата и новата бугарска емиграција во целост, признавајќи ги нејзините достигнувања како дел од американското културно и историско наследство. Меѓу признатите Бугари се: Џон Атанасов, како творец на првиот електронски компјутер; пилотите Стојан Јуруков и Асен Јорданов, вториот се смета за „татко на американската цивилна авијација“; писателот Алеко Константинов и неговиот роман „До Чикаго и назад“, кој инспирирал генерации Бугари да емигрираат во Градот на ветровите.

За прв пат, преку политички чин во САД се нотираат достигнувањата на македонските Бугари како дел од севкупниот придонес на бугарската емиграција во развојот на Новиот свет. Меѓу успесите на македонските Бугари е создавањето на Македонската патриотска организација и нејзиниот орган, весникот „Македонска трибуна“. Признание добија успесите на поединечни личности меѓу бугарските иселеници од регионот на Македонија, како што се банкарот Хенри Каранџов и писателот Стојан Христов.

Резолуцијата го нотира придонесот на бугарските цркви, училишта, културни клубови, танцови ансамбли, деловни и граѓански организации во развојот на општествениот, економскиот и културниот живот на државата Илиноис.

Генералниот конзулат во Чикаго им е благодарен на сенаторите републиканци Ден МекКонки, Ерика Харис, Сали Тарнер и демократите Лаура Марфи, Лора Фајн, Кристофер Белт, кои беа официјални подносители на резолуцијата .

Генералниот конзул на Бугарија во Чикаго Светослав Станков

Генералниот конзул на Бугарија во Чикаго, Светослав Станков, им честиташе на сите членови и лидери на бугарската заедница во Илиноис, кои водеа исклучително позитивна кампања за поддршка на резолуцијата. Покрај тоа, тој рече:

„Заедно со зајакнувањето на стратешките односи со Бугарија, за прв пат политички акт на американско законодавно тело ја прифаќа бугарската емиграција како дел од културното и историското наследство на САД“. Ова е историско политичко признание што отвора ново поглавје во бугарско-американските односи“.



Слични Објави