|

ШАХПАСКА: ЛИЦЕНЦИТЕ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА КАНАБИС СЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО ЗАКОНОТ

ВМРО-ДПМНЕ е лицемерна, издавањето лиценци за производство на канабис за медицински цели е во согласност со законот што оваа партија го донесе, изјави на прес-конференција пратеничката од СДСМ, Јагода Шахпаска, запрашана за коментар по повод обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ за хиперпродукција на лиценци за фабрики за производство на канабис.

„Издавањето лиценци за производство на канабис е последица на важечкото законско решение што владата на ВМРО-ДПМНЕ го донесе во законодавниот дом преку пратениците во февруари 2016 година. Ние сметаме дека не е проблем ако повеќе фирми се занимаваат со производство на канабис и конкурираат на пазарот на трудот слободно за разлика од периодот кога ВМРО-ДПМНЕ практикуваше власт и кога производството на канабис го даваше на неколку фирми што беа блиски до политиките на тогаш владејачкото мнозинство, така што сметаме дека е потребна либерализација и вклучување на повеќе производители“, нагласи Шахпаска.

Извор: Макфакс



Слични Објави