|

ШЕФОТ НА ОБСЕ ПРЕДУПРЕДИ ДЕКА ПРЕТСТОИ ПОРАСТ ВО КОРУПЦИЈАТА ПОРАДИ ПАНДЕМИЈАТА ВО ЕВРОПА

Нациите на ОБСЕ погодени од пандемијата ќе страдаат во голема мерка од корупција во наредните месеци, изјави шефот на ОБСЕ, Томас Гремингер, за австриската новинска агенција АПА во неделата, нагласувајќи дека криминалците брзо се приспособуваат на системските слабости предизвикани од кризата со Ковид-19.

Зборувајќи за итното финансирање наменето за помош поради економскиот пад предизвикан од здравствената криза, Гремингер посочи дека граничните контроли повторно воведени од март во Шенген зоната од 26 нации, која претходно беше без граници“, преоптовариле многу власти кои ги пренасочиле ресурсите.

Гремингер предупредува дека криминалците профитираат од вакви промени, а сегашната состојба се влошува поради многуте националистички инстинкти, соло иницијативи и еднострани изолационистички пристапи.

Бидејќи Европа во голема мерка останува под строги мерки на изолација, индивидуално воведени од секоја земја во март, Европол минатиот четврток предупреди дека криминалците ги реорганизирале рутите за шверцување луѓе и изнашле нови начини да ги намамат потенцијалните жртви“, се вели во извештајот на „Дојче веле“.

Шверцерите сега се соочени со засилени гранични проверки и блокада во воздушниот сообраќај, па се префрлија на копнени и морски рути, истакна Европол, наведувајќи ја како пример употребата на мали бродови за преминување на меѓудржавни води, криење шверцувани производи во товарни возила и товарни возови итн.

Во однос на наводно незаконски добиените визи и масовната сексуална експлоатација, извршната директорка на Европол, Кетрин де Бол, ја пофали големата предност од споделените информации за таргетирање на овие типови меѓународни организирани кривични дела“.

На почетокот на април „Политико“ детално објасни како се разгори криминалот во Италија и другите европски земји, посочувајќи ги дека предаторските мафијашки синдикати се инфилтрираат во легалните приватни бизниси за да ги искористат слабостите и да изнудат пари. Официјалните лица во тоа време изјавија дека загрижувачкиот тренд веројатно ќе му претходи на севкупен пораст на криминалитетот и по пандемијата и надвор од Италија,

„Не постои земја во ЕУ што е исклучок од овој проблем“, изјави за „Политико“ Сабрина Пендиоли, европратеник од Движењето Пет Ѕвезди во Италија.

Европол минатиот месец рече дека голем број криминални групи во Европа развиваат нови активности за експлоатација на вонредната состојба. Меѓу другото, откриле дека цвета трговијата со фалсификувани медицински комплети, супстандардни маски, ракавици и лекови.

Извор: Макфакс

Слични Објави