МЗ: 43 ИЛЈАДИ МАСКИ ЗА ХРОНИЧНО БОЛНИТЕ
За 30 проценти зголемен бројот на пациенти во пулмолошките, невролошките и кардиолошките амбуланти во последните три дена, по десет пати зголеменото загадување на воздухот.
Засипнат глас, кашлање, чешање на очи, се првите симптоми дека сето она што е во воздухот не прави да бидеме болни.
Доктор Дејан Докиќ вели дека се потребни преземање на колективни мерки против загадувањето, до тогаш да не се стои долг период надвор кога е најзагадено, да се зема храна со антиоксиданти, и да се пие многу вода.
Загадувањето штетно влијае и на кардиваскуларните болести, а во порат е и бројот на пациенти со мозочни удари.
За пулмолозите добро е да се носат и заштитни маски со заштита, бидејќи отровните материи поминуваат низ филтерот на маската и овозможуваат помал внес на штетни материи од воздухот.
Извор: Канал 5
