СУДЕЊЕТО ЗА „ТЕНДЕРИ“ ОДЛОЖЕНО ЗА 6 ДЕКЕМВРИ

Вести Истакнато Македонија

Денешното рочиште за случајот на СЈО „Тендери“, каде првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска е одложено за 6 декември.

Случајот „Тендери“ се наоѓа во доказна постапка. Според обвиниението, дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип. Пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа-Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка.