ШЕКЕРИНСКА: ПОТПОЛКОВНИКОТ ПРИСТИГНА ВО СКОПЈЕ, СОСТОЈБАТА МУ Е ДОБРА

/

Рано утрово нашиот потполковник пристигна од Централноафриканската Република во Скопје. Добро го поднесе летот и сместен е на Инфективната клиника, напиша во објава на Фејсбук министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Директорката на Клиниката д-р Милена Стевановиќ, наведува Шекеринска, не’ информираше дека потполковникот е во добра општа состојба и стабилен.

Министерката за одбрана Шекеринска во објавата посакува брзо оздравување на потполковникот и се заблагодарува на Инфективната клиника и на сите кои учествуваа во медицинската евакуација.



Потполковникот на Армијата што учествуваше во европската мисија во Централноафриканската Република беше донесен со медицинска евакуација откако беше тестиран позитивен за коронавирус.

Претходна статија

Д. ЦАНЧЕВ: ЗА ПРВ ПАТ ЗЕМЈА КАНДИДАТ ЧЛЕН НА ЕУ САКА ДА СТАНЕ ДЕЛ ОД УНИЈАТА БЕЗ ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД СВОЈАТА ДРЖАВОТВОРНА КОМУНИСТИЧКА ИДЕОЛОГИЈА

Следна статија

ВЕЧЕРВА БЕЗ ПОЛИЦИСКИ ЧАС, УТРЕ ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ ОД ПОЛНОЌ ДО 4 ЧАСОТ НАУТРО

Најново од Вести