ШЕКЕРИНСКА: ПРАТЕНИЦИТЕ ТРЕБА ДА ЈА ИСПОЧИТУВААТ ОДЛУКАТА НА МНОЗИНСТВОТО ГРАЃАНИ ШТО ИЗЛЕГОА НА ГЛАСАЊЕ

Вести Истакнато Македонија

Резултатот од референдумот покажува дека и да гласаа повеќе луѓе одлуката на граѓаните е јасна.Малку над 90 проценти од тие над 661 илјади гласови гласаа за европска Македонија, тоа го изјави министерката за одбрана на Македонија Радмила Шекеринска на прес-конференција во Владата на Република Македонија. Шекеринска истакна дека изборот пред пратениците е јасен и тој е почитување на одлуката на граѓаните што излегоа на референдум, кои масовно го поддржаа референдумското прашање. Шекеринска подвлече дека ако прашањето не помине во парламент, другата демократска алатка се предвремените парламентарни избори, кои според неа треба да се одржат веднаш.Таа додаде дека изборот пред пратениците е НАТО и ЕУ или меѓународна изолација на Македонија.