| |

БУЈАР ОСМАНИ: СОБРАНИЕТО ОД ДЕНЕСКА ЈА ПОЧНУВА МАТЕРИЈАЛИЗАЦИЈАТА НА ВОЛЈАТА НА ГРАЃАНИТЕ

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, изјави дека од денеска Собранието ја започнува материјализацијата на волјата на граѓаните што излегоа на вчерашниот референдум. Тој подвлече дека на ниеден референдум до сега немало толку голема поддршка од 91 процент за било кое прашање.
Османи додаде дека цензусот не е одлучувачки во моментот бидејќи во минатото бил намалуван кога се работело за избор на претседател на Република Македонија.
Тој го поддржа ставот на неговата колешка Радмила Шекеринска дека пратениците мораат да ја испочитуваат војлата на мнозинството граѓани што излегле на референдум.



Слични Објави