Шилегов: Арсовска тресе проекти од ракав, повеќе од половина се лажни ветувања

/

Актуелниот градоначалник на Скопје и кандидат за нов мандат, Петре Шилегов, денеска упати реакција, на, како штo се вели, лажните верувања на противкандидатот oд ВМРО-ДПМНЕ.

„Данела Арсовска продолжува исто како вчера, со од ракав истресени проекти, на кои никој не верува и служат за потсмев на социјалните мрежи. Ако вчера вети бесплатен превоз, на што цело Скопје се смее, денес ова го надополни со нова уште поголема лага – ветување за 250 нови автобуси“, реагираат од штабот на Шилегов.

Од таму сметаат дека целта на Арсовска е со мегаломански ветувања да ги покрие своето незнаење и безидејноста.

„Утопија се овие ветувања на Арсовска, а готовиот план за ‘бас рапид системот’ се реалност, која веќе се реализира“, реагираат од таборот на Шилегов.



Нагласуваат и дека скопјани може да препознаат што е планирано, добро осмислено решение, а што изборен лош маркетинг.

„Арсовска е лош менаџер, кој нема ниту план ниту идеја за проекти, а има вреќа полна лажни ветувања“, потенцира Шилегов.

Извор: Zoom. mk

Претходна статија

Скопјанка лажела дека е медицинска сестра, одела по куќи и крадела, заработи кривична пријава

Следна статија

Регистрирани вкупно 16 починати и 454 нови случаи на Ковид-19

Најново од Вести