Шилегов на средба со атинскиот колега Каминис
Денеска во грчката престолнина започна заедничката прес-конференција на градоначалниците на Скопје и Атина, Петре Шилегов и Јоргос Каминис.
Градоначалникот на Скопје најпрво на присутните им се обрати на грчки јазик, по што доби силен аплауз на отворената сцена. Натаму, обраќањето продолжи на англиски јазик.
На почетокот на средбата Каминис и Шилегов проговорија за локалните избори во нашата земја, на кои скопскиот градоначалник нагласи дека беше избран уште во првиот круг, меѓу осум кандидати, и дека тоа за него претставува уште поголема обврска.
Во пресрет на средбата, вчера двајцата градоначалници во заедничка колумна повикаа на зближување на двата града и затворање на отворените прашања меѓу Македонија и Грција.