Латас не се појави на судење
Новинарот Драган Павловиќ Латас денеска не се појави во Кривичниот суд, каде што му се суди за даночно затајување во случајот Тотал на СЈО.
Како што кажа судијата Славица Наумовска -Јосифовска, обвинетиот не дошол на судењето за „Тотал“, поради лични и семејни причини, за што доставил до судот документација од клиника во Келн. Доказот се читаше без јавност во судницата. Судењето е закажано за 31 март.
