Шилегов на средба со занаетчиите: Ја сочувавме чаршијата, шарена и разнолика
Кандидатот и актуелен градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, денеска ќе ја посети Старата скопска чаршија, каде ќе одржи неколку средби со занаетчиите кои работат во овој дел на градот.
Скопје е создаден и одржуван во живот со векови благодарение на својот еснаф, на луѓето кои отсекогаш твореле и тргувале во старата чаршија – на фурнаџиите, берберите, часовничарите, сервисите, златарите и останатите занаетчии. За сите нив, Град Скопје воведе програми за поддршка со кои на старите занаети им се овозможи одржливо постоење и создавање, заштита на нивните дуќани и работилници и едукација.
-Се воспостави партнерство со новите занаети, малите бизниси, новите сервиси и продавниците кои секојдневно се отвораат низ нашиот град, а сопствениците добија и награди за нивниот успех и иницијативност. Во изминатите четири години скопските занаетчии добиваат субвенции од градот за набавка на алати и репроматеријали до 80 отсто од нивната вредност, или до максимум 50.000 денари по занаетчија.
Важно е да се знае дека оваа чаршија опстанала со години, шарена и разнолика поради тоа што луѓето си помагале еден на друг кога било најтешко. Така, во време на пандемијата на коронавирусот донесовме неколку превентивни мерки за полесно справување на еснафот со рестрикциите:
Град Скопје ги укина трошоците за фирмарина на сите економски субјекти на територијата на Град Скопје, како единствена давачка на бизнисите кон градот;
Пренасочени се буџетските средства во градежна офанзива, со која се реконструираа преку 20 улици во една сезона, со цел стимулирање на работните места во градежништвото и придружните индустрии.
На угостителите и другите еснафи кои користат јавен простор пред своите дуќани им беа простени комуналните такси, за да им се олесни намалената посетеност и промет во услови на пандемија на коронавирусот.
-Овие мерки се покажаа како успешни. Успеавме да ги задржиме работниците на работа, а дуќаните да ги задржиме отворени. Успеавме сите заедно да поминеме низ најтешките периоди, солидарно и братски, онака како што успевала чаршијата и во минатото. Затоа што сме тука да си подаваме рака и да си помагаме, вели Шилегов.
Извор: Zoom. mk