| |

ШИЛЕГОВ: НЕМА ДА ИМА БЕГАЛСКИ КАМПОВИ ВО СКОПЈЕ-ДПМНЕ ЛАЖЕ

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на денешната прес-конференција повтори дека во главниот град нема да се градат кампови за мигранти, и ги обвини ВМРО-ДПМНЕ и медиумите блиски до нив дека шират лажни вести за овој проблем.

„ДПМНЕ-то ‘гради’ бегалски кампови бидејќи раководството го губи тлото под нозете во обид да се спасат членовите и поранешните функционери од обвиненијата за кои се товарат. Ботовите од опозицијата ќе бидат сѐ побројни, како се шират обвиненијата за криминалите што ги направија изминатите години функционерите од партијата додека беа на власт“, рече Шилегов.

Во Визбегово, како што истакна Шилегов е планирано проширување на капацитетите за вдомување на бездомните лица, а не станува збор за камп за мигранти.



Слични Објави