| |

ШИЛЕГОВ: ПОВЕЌЕ НЕМА ПОРАДИ ПАРКИРАНО ВОЗИЛО НА ТРОТОАР ДА НЕ МОЖЕ ДА ПОМИНЕ БОЛНИЧКА КОЛИЧКА

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, и министерот за здравство, Венко Филипче, денеска направија обиколка низ клиничкиот кампус „Мајка Тереза“ и извршија увид во градежните активности што се вршеа изминатиов период.

„Веќе се видливи измените коишто инфраструктурно се направени овде, освен посебниот влез за возилата на итна медицинска помош, се изработи нов влез кај Инфективната клиника, се шират влезовите кај Клиниката за стоматологија и веќе работиме на проширување на улица Белградска, над Клиничкиот центар. Од кај Кардиологија планираме да отвориме и четврти влез со што во целост ќе го олесниме влегувањето и излегувањето од Клиничкиот центар за да не настанува хаосот што ни се случуваше на Водњанска, меѓутоа и на самиот влез во Клиничкиот центар“, кажа Шилегов.

Тој додаде дека со новите решенија повеќе нема да има случаи каде поради паркирано возило на тротоар да не може да помине болничка количка или болнички кревет.

Тој додаде дека се реконструирани и двата постојни паркинзи кај клиниките за хирургија и за гинекологија и акушерство, односно постојните 6.000 квадратни метри се проширени на околу 20.000 квадратни метри.

Министерот за здравство, Венко Филипче, нагласи дека ова е еден значаен инфраструктурен проект што целосно ќе ја смени сликата и ќе го олесни функционирањето на Клиничкиот центар.

Извор: Макфакс



Слични Објави