|

СПОРЕД ЛИДЕРОТ БЕСА КАСАМИ ДУИ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ОПОЗИЦИЈА

Неуспесите на 18 години владеење на ДУИ не можат да бидат покриени со пуштање на „една рака муви“ за барање за премиер Албанец кога се знае дека тоа е утврдено со закон за начинот на формирање на владите, вели претседателот на БЕСА, Биљал Касами.

Идејата што ја изнесе ДУИ за премиер Албанец во овие околности, кога веќе има одредени списоци на кандидати за пратеник и паузиран изборен процес, партијата БЕСА ја смета за популистичка и само во корист на добивање ситни политички поени.

„Фрлањето на оваа идеја во овој момент повеќе како може да се толкува дека ДУИ ќе оди во опозиција и пред своите гласачи за да се оправда дека тие не добиле премиер од своите редови и мора да одат во опозиција. Не е спорно дека Албанците во иднина може да имаат премиер во Северна Македонија, но тешко дека ова ќе биде кадар на ДУИ се додека тие не се борат против криминалот и корупцијата во нивната партија. Албанците во Северна Македонија одамна се срамат да се идентификуваат со политиките и политичарите во рамките на ДУИ, кои газеа сè што е албанско за време на своите 18 години на власт. Сонцето не може да се покрие со сито, исто како што неуспесите на ДУИ не можат да бидат покриени со само фрлање идеја за албанскиот премиер во временскиот контекст и политичкиот моментум во којшто се наоѓаме сега“, вели Касами/Makfax.

Слични Објави