МАКЕДОНСКИ СИНДРОМ ШТО НЕ НИ ДОЗВОЛУВА ДА ИЗГРАДИМЕ НОРМАЛНА ДРЖАВА

//

Денес на социјалните мрежи многумина кои останале во карантинско Скопје, пишуваат најразлични објави за оние кои решиле карантинскиот викенд да си го поминат во своите викендици. Од напишаното произлегува дека оние коишто заедно со овие викендаши се бунтуваа против воведување полициски час и обвинуваа потенцијални преносители на вирусот, сега се поделија и одеднаш не е важен фактот дека задолжителен карантин има и покрај волјата на граѓаните, ниту пак тоа дека некој го раширил вирусот, туку важно стана тоа што тие мора да си седат дома, додека некој се снашол и си отишол во својата викендица, којашто исто така е негов дом. Значи негов дом!

Со други зборови, еден жител на Карпош е револтиран затоа што неговиот сожител отишол на викенд во Охрид и кој наводно ќе ги зарази сите охриѓани, но нема да биде револтиран ако тој негов сожител останел во Скопје да пазари во понеделник со него во истата продавница. Но, она што е логично е тоа револтот да биде насочен кон неуспехот на државните институции да се справат со проблемот и да пронајдат долгорочни решенија, а не кон местоположбата на своите комшии.

Дополнително, запрепастувачки се обвинувањата од скопјаниве дека луѓето кои отишле на викенд ќе го рашират вирусот низ Македонија без никакви докази за тоа, а против очигледните официјални докази каде точно се наоѓаат новите жаришта. За тоа од каде се појавиле новозаразени и кога вирусот се раширил, нормално повеќе не смеат, а и не сакаат да зборуваат. Проблем сега им се луѓето од Карпош, Центар, Драчево, Црниче кои отишле на викенд во Струга, Охрид или Дојран. Тоа се вели да му умре овцата на комшијата. Сам на својот род да си душман. Е, од тоа си патиме народе наш!



FB статус на Слободар



Претходна статија

ВИКЕНД НА ЖИВИ МРТОВЦИ

Следна статија

ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: ПО ПАД ОД ТРАКТОР ПОЧИНА 6 ГОДИШНО ДЕТЕ ОД ДЕЛЧЕВО

Најново од Ваш став

Игра на ниски страсти

Fb статус на Никица Корубин Дека политиката е врвна вештина која бара многу знаење, искуство, традиција

Целосна независност

Facebook статус на Никица Корубин Независноста е комплетна кога си свесен за неа. И за нејзиното