ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: ПО ПАД ОД ТРАКТОР ПОЧИНА 6 ГОДИШНО ДЕТЕ ОД ДЕЛЧЕВО

//

При пад од трактор, во делчевската населба Таушанско маало почина 6 годишно дете. Екипа на Итната медицинска помош интервенирала на повик во 14 часот, при што од страна на дежурниот лекар биле констатиран потрес на мозокот кај повреденото дете кое било во кома.

– Со возило на Итната медицинска помош, 6 годишното дете е префрлено во кочанската болница, но детето починало пред пристигнувањето на болницата, каде била констатирана смрт – информираат од делчевскиот Здравствен дом.

Јавен обвинител е запознаен за случајот, а починатото дете се уште се наоѓа во кочанската болница. Според кажувањата на очевидци, како што додадоа од болницата, детето починало по пад од трактор, со кој како што додаваат, управувал неговиот тетин.

Извор:https://kurir.mk/makedonija/hronika/po-pad-od-traktor-pochina-6-godishno-dete-od-delchevo/?fbclid=IwAR38FRtmRP8Xl-opVqqKyGu9iRbnP2ap-DAeIKrcVdKyMQVSFCh8A1GJ_DM





Претходна статија

МАКЕДОНСКИ СИНДРОМ ШТО НЕ НИ ДОЗВОЛУВА ДА ИЗГРАДИМЕ НОРМАЛНА ДРЖАВА

Следна статија

ТУНТЕВ: АЕРОДРОМИТЕ ВО ЗЕМЈАТА НЕМА ДА БИДАТ ОТВОРЕНИ ПРЕД 15 ЈУНИ

Најново од Вести