|

ФИЛИПЧЕ: 90% ОД НОВОЗАРАЗЕНИТЕ СЕ ОД 15 СЕМЕЈСТВА

Министерот Венко Филипче на денешната прес конференција соопшти дека околу 15 семејства носат 90 отсто од новите случаи деновиве што е всушност и причината за порастот на случаите.

Сепак, како што рече тој, има случаи и надвор од овие семејства, што покажува дека вирусот е присутен во нашата земја.

„Болеста се шири тесно во овие кластери, но има и нови спорадични случаи кои не може да се поврзат со овие семејства, што значи дека вирусот постои и воопшто не значи дека нема и надовр од овие калстери и затоа остануваме максимално претпазливи“, рече Филипче.

Причината за заразувањата, е непочитување на мерките, рече Филипче.

Претпоставката е дека бранот ќе трае многу кратко, но потребна е претпазливост, рече тој.



Слични Објави