| |

(Видео) Колегата фото-репортер и снимател Иван Јанев од Бугарија, ја доби наградата за видео-репортажа на новинарските награди Web Report

Репортерот, снимател и фотограф Иван Јанев ја доби специјалната награда за видео-репортажа на наградите „Web Report“, јавува БГНЕС.

Наградата му беше доделена од страна на познатиот бугарски актер и режисер Ники Илиев. Јанев беше одликуван за своите храбри репортажи од селото Воден, каде ја прикажа трагедијата на луѓето кои паднале во стапицата на огнениот пекол.

„Ова е големо признание за мене. Но трета влада не го решила проблемот со BG Alert, за што ја добивам наградава. Се надевам дека тоа ќе стане факт и луѓето ќе бидат предупредени навреме кога ќе се случи несреќа“, рече тој.

БГНЕС потсетува дека селото Воден беше опустошено од голем пожар во јули 2024 година. Тогаша изгореа најмалку 35 куќи, а над 500 луѓе – речиси целото население на селото, беше евакуирано. Некои луѓе не сакаа да ги напуштат своите домови, па затоа беа принудно изведени. Оваа слика ја опиша Иван Јанев, кој беше на местото на трагедијата. Возрасни луѓе плачеа над своите изгорени домови, во кои се родени и кои цел живот ги граделе.

Тогаш Иван Јанев беше единствениот кој пренесуваше од селото, а неговите репортажи, фотографии и видеа беа емитувани не само од националните телевизии, туку и од светски медиуми. Наградите за чесна новинарска работа се организираат за 8-ми пат од „dir.bg“.

Слични Објави