УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ ОСТАНУВААТ ЗАТВОРЕНИ, ОДЛУКАТА ЗА ОТВОРАЊЕ ПОВТОРНО ОДЛОЖЕНА

//

Забележителниот раст на нови инфицирани од корона-вирусот изминативе денови но и предлогот за празничен полициски час, вели министерот за здравство Филипче, ги помести предвидените олабавувања на мерките за следната недела.

Кој ден точно ќе се отворат угостителските објекти ќе зависи од епидемиолозите, додава Филипе. Ако одлуката падне овој петок, не се исклучува можноста тие уште од следниот вторник да започнат со работа.

Во меѓувреме револтот за последиците од корона кризата денеска го искажаа угостителските работници. Принудните откази оставила голем дел од нив без никакви примања затоа што, според нив, секој трет работник од овој сектор не бил воопшто пријавен.

Угостителскиот синдикат бара работниците да се пријавени на полно работно време, платен годишен одмор и работа за викенди, да добиваат К-15 без обврска да го враќаат назад кон газдите и, пред се, да се реши проблемот со работењето „на црно“.



Минатата недела пропадна и средбата на Угостителско-туристичката комора со Комисијата за заразни болести кои требаше да расправаат за протоколите за работа.Тие тврдеа дека таков документ до нив не преистигнал, иако голем дел од угостителите денови наназад полека ги расчистуваат терасите и наголемо се подготвуваат за отворање.

Претходна статија

ШИЛЕГОВ: ПОВЕЌЕ НЕМА ПОРАДИ ПАРКИРАНО ВОЗИЛО НА ТРОТОАР ДА НЕ МОЖЕ ДА ПОМИНЕ БОЛНИЧКА КОЛИЧКА

Следна статија

СЕ УРНА РУСКИ ВОЕН ХЕЛИКОПТЕР, ЗАГИНА ЦЕЛИОТ ЕКИПАЖ

Најново од Вести