|

Шмихал: Украина очекува до 16 милијарди долари дополнителна помош

Украина очекува до 16 милијарди долари дополнителна помош годинава од своите меѓународни партнери, истакна украинскиот премиер Денис Шмихал, јавија британски медиуми.

Тој додаде дека земјата останала финансиски стабилна, благодарение на поддршка од заемодавачи откако Русија изврши инвазија кон крајот на февруари.

Премиерот нагласи оти над 40 отсто од буџетот на Владата на Киев годинава, околу 11,5 милијарди долари, се распределени за воени потреби.

Во износот се вклучени околу 7,7 милијарди долари за воени плати и дополнителни 3,65 милијарди долари за набавка на опрема.

Извор: 24info.mk



Слични Објави