|

Шолц е задоволен од резултатите на изборите во Франција

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го изрази своето задоволство од резултатите од вториот круг од парламентарните избори во Франција, каде левичарската коалиција Нов народен фронт (ЛФИ) освои најмногу гласови и 182 места во националното собрание.

„Ослободени сме поради резултатите од изборите во Франција. Се надеваме дека претседателот и новите членови на парламентот ќе успеат конструктивно да формираат нова коалиција“, изјави Шолц, пренесува Ројтерс.

Тој посочи дека доброто функционирање на Европската унија е „можно само со Франција“.

Слични Објави