ШПАНИЈА ЌЕ ИМА РЕГИСТАР НА ЛУЃЕ КОИ ОДБИВААТ ВАКЦИНА ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ

Шпанските власти ќе водат регистар на луѓе кои одбиваат вакцина против коронавирусот и ќе ги споделат податоците со другите европски земји, но тие нема да бидат објавени во јавноста, соопшти министерството за здравство.

loading...

Шпанските власти посочија дека во регистарот ќе има луѓе на кои им е понудена вакцината, но кои ја одбиле. Шпанската влада планира да вакцинира околу 2,5 милиони луѓе до крајот на февруари, а помеѓу 15 и 20 милиони до летото. Во таа земја, околу 50 000 луѓе починаа од вирусот корона, додека 1,8 милиони беа заразени.



loading...