ШТО АКО МАНДАТАРОТ НЕ УСПЕЕ ДА ФОРМИРА НОВА ВЛАДА?

Според Устав, после избори доколку мандатарот не успее да формира влада тогаш треба да се оди на повторни избори.

Овој постулат еднаш веќе беше прекршен на последните парламентарни избори во Република Македонија, кога ВМРО-ДПМНЕ и покрај тоа што освои поголем број на пратенички места не успеа да формира влада.

Поради тоа што ДПМНЕ не успеа да обезбеди парламентарно мнозинство, влада формираше втора по ред партија по број на пратенички места – СДМС, а во улога на мандатор беше Зоран Заев.

После најновите избори имаме слична ситуација, во која и двете партии се во трка за конституирање на влада преку преговори за обезбедување на мнозинство и учество во влада.

Сепак останува нејасно како Уставот предвидува повторно распишување на избори доколку мандатарот не успее да формира влада, а веќе постои еден случај на преседан.

Сосема е нелогично по два месеци повторно да се реализираат избори, а уште пострашно е доколку имаме сосема поразлични изборни резултати од овие.

Тоа значи дека волјата на граѓаните успеала да се промени за само два месеци во услови кога немало ниту влада.

Ако волјата на граѓаните е флуидна и променлива во рок од два месеци, тогаш која е логиката пратениците да имаат мандат од по 4 години што е период кој одразува некоја константа во волјата на граѓаните?

Колку се изборните резултати репрезентативни и колку навистина тие што некни седнаа на собраниските столчиња се одраз на перманентната волја на граѓаните од сега па за наредните 4 години?

Автор: Магдалена Стојмановиќ за Мој збор