| |

Штом протоколите не се проблем – кога ги поднесувате амандманите за да продолжат преговорите за ЕУ-членство?

Ивон Величковски

Ова не е прашање само до ВМРО-ДПМНЕ.

Муцунски ја разби тезата за протоколите како стапица и лажниот наратив од усвојувањето на Преговарачката рамка. При најава на Будимпешта за истрага за унгарскиот кредит. При дефакторизирана Вила “Водно” (по сопствен избор).

Со тоа “ја фрла крпата” во име на ВМРО-ДПМНЕ на темата “меѓурешение”.

Сега потпора на напукнатото “единство” на партиите, медиумите и комората на “системските Македонци” може да дојде само од:

– СДСМ-Конформистичка, низ неиницирање на амандманите за комоција на Владата или

– СДСМ-Платформистичка, со легитимирање на застојот за “решение” меѓу Преговарачката рамка и амандманите.

Позицијата на ДУИ по ова прашање сега е потврдена, Влен сака (и) за ова да не се прашува, а Левица секако мора продолжи да глуми “антиимперијализам од Тему”.

Муцунски практично призна дека намерно пропуштиле 4 години за преговори во кои можеше да бидеме барем еднакви во процесот со Црна Гора и Албанија.

Со тоа ВМРО-ДПМНЕ ретерира од својата позиција (и) по ова прашање, со се што тоа значи во “Бела палата АД Скопје”.

Но Мицкоски не може лесно да го напушти својот “месијански” став за “одбрана на идентитетот” што не е нападнат.

Оттука остануваат двете можности на кои во име на #НоваРепублика укажав пред неполн месец:

1. Кога веќе не смееја да се носители, пратениците на СДСМ барем да се потпишат на иницијативата на ДУИ за амандманите и да се отвори темата и постапката или

2. Силјановска-Давкова да ги поднесе “амандманите” повикувајќи се на “национално единство” и партијата што ја предложи.

Третата (логична и природна) можност – предлог од (Влада на) ВМРО-ДПМНЕ за амандмани и преговори – не е баш најизвесна.

Иако “чаирски” речено – јасно е дека “го лапнале кикирикот”.

За да не губиме повторно време за исход што однапред е познат. И секако потребен.



Слични Објави