Штрајкот на вработените во Управата за водење на матични книги останува во мирување

/

Штрајкот на вработените во Управата за водење на матични книги (УВМК) останува во мирување.

Како што информира Минситерството за правда, на денешната средба на раководството на УВМК со Независниот синдикат и претставник од Владата договорено е до 1 септември да се подготват три опции за начинот на кој ќе се овозможи зголемување на платите на вработените во УВМК.

– На 15 јуни беше потпишан колективен договор, со кој се утврдуваат критериумите за годишен одмор и неплатени отсуства, надоместоците на плата и други примања, исплата на регрес за годишен одмор, додатоци на плата, јубилејни награди и др. Како право кое синдикатот и работодавачот го утврдија во овој договор е минималната плата да биде основна плата, се вели во соопштението.



Министерството за правда, како што се наведува, и во иднина ќе се грижи за унапредување на правата на вработените во УВМК. 

Претходна статија

Ковачевски: Со новата инвестиција ја поврзуваме земјата со регионалните и европските железнички коридори

Следна статија

Бектеши: Забранет извозот на огревно дрво, пелети, пченица и брашно, укината царината за увоз на масло за јадење до крајот на годината

Најново од Вести