ШУТИРАА ДО БЕСКРАЈ: АНГЛИСКИ НИСКОЛИГАШИ ИЗВЕДОА – 34 ПЕНАЛИ
На меч на англиските нисколигаши Таунтон таун и Труро сити беа изведени дури 34 пенали и серијата траеше повеќе од половина час.
Во 90 минути од мечот беше 2-2, а по продолженија резултатот беше 3-3, по што дури 34 минути се изведуваа пенали, а на крајот Таунтон победи.
Со ова беше израмнет рекордот по должина на пенал-серија во Англија, откако 34 удари беа изведени и на мечот меѓу екипата на Челси до 23 години и Оксфорд во 2016 година.
Што се однесува до светскиот рекорд, тој е запишан во 2005 година кога КК Палас го победил Сивикс по 48 изведени пенали.
Извор: Спорт1

